Алекс Консани е првиот трансродов Модел на годината

Американската манекенка Алекс Консани е првата трансродова жена со титулата Модел на годината, откако цела година ја имаше на ревии на Шанел, Стела Макартни и Викторијас Сикрет.

Има 21 година, а позната е по избелените веѓи и коса. За наградата што ја собра вчера вечер на Модните награди во Лондон, вели дека е „голем чекор во вистинската насока“.

„Сега, повеќе од кога и да е, важно е да  разговараме, да се поддржуваме и да се воздигнуваме едни со други во оваа индустрија, особено тие што принудно се чувствувале безначајни,“ рече таа кога го зема трофејот. „Затоа што промената е повеќе од можна - потребна е.“

Има потпишано со агенцијата што ги претставува Клаудија Шифер, Хејли Бибер и сестрите Хадид. Популарност доби на ТикТок каде што сега има на 4 милиони следачи, а прв пат се појави на ревија на Том Форд во 2021, за подоцна да „прошета“ и за Александар Меквин и Версаче.

Во историја влезе заедно со Валентина Сампајо кога се појавија и на шоуто на Викторијас Сикрет.

Патот до славата:

3 декември 2024 - 12:57