Иако е страшно, а повредите се сметаат за сериозни, 35-годишниот маж што „изненадно“ го нападнале две гризли мечки е жив и доволно свесен да го опише нападот.
Она што е поголема вест е што на социјалните мрежи, истите луѓе упатени и со цврст став околу онаа дилема „маж или мечка“, имаат прашања во коментари.
„Маж или мечка“ е поразителниот феномен каде што жените (па и некои мажи) ги прашуваат што порадо би сретнале во шума - маж или мечка - и сите ја бираат мечката, затоа што „најстрашно што мечката може да ти направи е да те убие, за мажот не се знае.“
Е сега, прашањата околу новава вест, за нападот од мечки:
- А како бил облечен?
- А пробал да ѝ каже „не“ на мечката?
- Јас ја познавам мечката, добро дете е, не би направила такво нешто.
- А ја провоцирал мечката?
- А што барал кај мечката дома?
- Јас го видов како разговара со мечката на журка и се смешка, не знам сега што е вистината.
- Таткото на мечката има учено со чичко ми и тој рече дека мечката е добра мечка и не би го направила тоа.
- Нема смисла да ѝ ја уништуваме иднината на мечката за една ситна грешка.
- А ја слушнавме и другата страна? Мечката има блескава спортска иднина, туку така ќе ја уништиме?
- А од кај знаеме дека не му се допаднало?
- Мечките ќе си останат мечки.
Не ви е пријатно?
Дека, исто е. Буквално е исто кога се поставуваат вакви прашања, ама не се работи за маж и мечка, туку за жена и маж.
@laurenhoweyoudoin 🐻
♬ LABOUR - the cacophony - Paris Paloma