А бе, нѐ има по свет!

За жал, и ние имаме сериски убиец за трка.

Бејли Саријан е девојка што се шминка на Јутјуб. Ама не ви е тоа секојдневен канал со туторијали, каде што се муабети за сенки, четки и сунѓерчиња за пудра. Концептот на Бејли е да се шминка додека раскажува за - сериски убијци. Се мачка со прајмери и објаснува за киднапери на бебиња, повлекува линии со туш на очи додека зборува во детали за егзорцизми, поставува дилеми со „крив е, или е жртва“ додека бира кармини…

И замислете колку бевме изненадени кога извади видео за - „Монструмот од Кичево“.

Се измачи дур ги кажа сите имиња и термини околу новинарот Владо Танески, не успеа да го погоди изговорот на Кичево, ама затоа интернационалната група следачи доби филмски детали за овој мрачен, одвратен пример од македонската црна хроника.

Ретко нѐ спомнуваат по свет надвор од политика, нешто помалку по „убавините на Македонија“ и тука и таму за храната и гостопримството, па ќе признаете дека е чудно чувство да начекаш локална приказна во ваков концепт.

Како бе, со ова стигнавме до свет?

Ина Многуфина, несебичниот споделувач на овој куриозитет на ова ќе ви каже, „Држава е ова, не е заебанција.“

Откако ќе ви помине горчливото, каналот е тука.

10 јуни 2021 - 13:11