30+

Добредојдовте во вашите 30-ти. Сега сте свесни дека тоа старите што ви доаѓаа на гости и седеа во дневна со родителите додека вие децата игравте во соба, имаа по 32 години.

Уште еднаш, добредојдовте во 30+. Не, не можете веќе да се наведнете на таа страна.

Кога имавте 20, во секој момент можеа да ви се појават 15 души на врата и тоа беше во ред. Сега треба планирање 2 месеци однапред.

Алкохол над 30 нема врска со алкохолот на 20. На 20 бевме бесмртни. Сега „дали да пијам“ е бизнис-одлука.

Викендите повеќе личат на 30-минутна пауза.

Спонтаност над 30 значи да решиш да одиш во друг супермаркет од вообичаениот и веднаш да зажалиш.

Нешта што веќе не те интересираат:
-ноќно возење
-излегување од дома навечер
-возење во зима
-возење
-излегување од дома

„Извини, морам рано да станам“ е возрасниот еквивалент на „мајка ми не ме пушта“.

Сега имаш желба да се извиниш што на 18 за 30-годишни си викал „стари“.

Секое сабајле мораш да се запрашаш дали „нешто се разболуваш“ или едноставно отсега па натаму будењето е такво.

Не ти е јасно зошто теписи, перници и завеси се толку скапи, не знаеш зошто ѓубрето се полни толку брзо, зошто нонстоп мора да се чисти кујна и од каде доаѓа целата таа прашина.

Додека растеш, мислиш дека наставниците постојат само во школо и само за да те учат тебе. На 30, сфаќаш дека и ти, со сите направени глупости пред 10 години, можеш да подучуваш младина.

Колку си постар, толку повеќе ги разбираш твоите кога викале „Одам да прилегнам, не ми доаѓајте“.

Имаш омилена рингла.

Често си викаш „не се нормални“ кога ќе видиш цени по продавници.

Да бидеш возрасен, значи секоја реченица во мејлот да ја завршуваш со извичник, па после да лекторираш колку извичници се социјално прифатливи.

Кога си мал, се радуваш кога ќе видиш писмо адресирано до тебе. Сега ти се исправа косата.

200 евра се некако како 12 евра.

Те боли грбот.

Испраните алишта те чекаат да ги вратиш на место по 7-10 работни дена.

50% од времето се прашуваш дали е премногу доцна за кафе, а другите 50% дали е премногу рано за алкохол.

9 часот навечер е новото полноќ.

Кога си мал, сите возрасни ти личат како да се на иста возраст. Сега сите деца ти личат како да се на иста возраст.

Твоите на 27 имале куќа, деца и кариери. Ти на 27 повеќе сакаш да нарачаш храна преку апликација, затоа што на телефон ќе мораш да зборуваш со луѓе.

На 17, бегаш од дома за да одиш на журка. На 37, бегаш од журка за да си одиш дома.

Можеш да јадеш кога сакаш, што сакаш и колку сакаш и тоа не ти е паметно.

Сега ја разбираш мајка ти зошто толку се нервирала кога ти рекла да го извадиш пилешкото од замрзнувач, а не си.

Отворање нов сунѓер за садови е доживљај.

Зеленчукот и овошјето побрзо скапуваат кога ти ги плаќаш.

Цело време има нешто за средување, бркање, решавање. Ако речеш „одмарам“, значи дека игнорираш милион работи што те чекаат на список.

*

Ова Твитер-злато го има собрано Базфид.


Види и: 50+

26 април 2022 - 10:08