14 работи што ги шокираат Американците во Европа

„Видов едно дете, белец, со лудачки суканици, облечен пола хип-хоп, пола растафари, со послужавник, како бара место да седне во гужвата. Во тој момент, еден човек во деловен костум го повлече послужавникот и го викна да седне со него. Ова НИКОГАШ нема да се случи во Америка.”

1. Пиво во Мекдоналдс

„Пиво и друг алкохол на места каде што не би ги очекувале. Баш бев изненадена што можев да нарачам пиво во музеј; навикната сум да се преправам дека не сакам да имам никаква врска со алкохол. Како да си во земја направена за возрасни, наместо за деца.”

2. Поголемо не мора да значи подобро

„Нормални тела. Многу малку напумпани билдери, многу малку морбидно гојазни луѓе. Генерално се тенки и здрави.”

3. Голотија е ОК

„Како тинејџер од Тексас при посета на Германија во средно, би рекол дека најголем шок ми беше билборд на крајот на нашата улица со топлес жена на него. Го гледав тоа чудо толку многу што го паметам и 20 години подоцна.”

4. Парижаните се мрштат на сите

„Французите се генерално фини, парижаните се тие што и го рушат угледот на целата земја. И не ти се курчат затоа што си Американец - и меѓу себе се третираат глупо.”

5. Пушење насекаде

„Пушењето… луѓето пушат секаде. Ресторани, ќошеви, кафичи… Кога слетав во Виена, имаше просторија заградена со плексиглас 10х5 каде што 7 души швајцуваа цигари додека го чекаа багажот.”

6. Сè се плаќа

„Сфатив колку бесплатни работи имаме во Америка. Бесплатно дополнување пијачки, кечап колку сакаш во фаст-фуд ресторани, бесплатни тоалети. Во Европа се плаќа за сè. Се навикнав.”

7. Сиеста!

„Шпанија: Добро, попладневно време е, ред е да си завршам некои работи. Ми требаше цела недела да сфатам дека од 2-5 целата земја затвора.”

8. Светот не почнал во 1776-та

„Чувството на историја и поминати векови насекаде. Згради стари стотици и илјадници години, патишта што ги оделе стотици генерации, итн.”

9. Полиглоти насекаде

„Сите Холанѓани зборуваат по пет јазици, но се многу скромни во врска со тоа и повторуваат дека англискиот им е ужасен.”

10. Виното е поевтино

„Соковите се скапи во Европа. Не сум некој пивопијач, па навикнат сум да нарачам Кока Кола или слично кога моето друштво пие во Америка. Ама, не нарачувајте Кока Кола во ресторан во Европа. Ќе ве чини.”

11. Преминувај улица на сопствен ризик

„Кога го посетив Рим, луѓето едноставно поминуваа на пешачки, а колите само им застануваа. Јас сум од Њујорк. Ми требаат знаци за пешачки! Најголем дел од одморот ми помина во поминување улици во Рим. А тоа возачите… знаат да намирисаат слабост.”

12. Толеранција и отвореност

„Во Амстердам, со друштвото застанавме во Мекдоналдс да земеме нешто за пиење додека шетавме низ градот. Видов едно дете, белец, со лудачки суканици, облечен пола хип-хоп, пола растафари со послужавник, како бара место да седне во гужвата. Во тој момент, еден човек во деловен костум го повлече послужавникот и го викна да седне со него. Ова НИКОГАШ нема да се случи во Америка.”

13. Може да се оди пешки

„Фактот што лесно можев да пешачам од едно место до друго во едно гратче во Германија.”

14. Уживање во моментот, наместо брзање

„Колку е се бавно. Кога одиш во кафич, често нема кафе за носење. Се очекува да седнеш, или да застанеш на шанк и бавно да пиеш кафе. На вечера, оброците траат со часови и почнуваат многу подоцна. Секогаш се истакнувавме како Американците што брзаат на час.”

1 октомври 2018 - 12:25