100 години британска кралска мода

По којзнае кој пат, доказ дека модата е како лист хартија со напишани важни историски периоди на него.

Како една војна може да влијае на облеката на една идна кралица? И што се прави кога личност што по секоја цена се трудиш да биде небитна, а комплетно ја има сменето иднината на британското кралско семејство успева дури и на декадата да влијае, во однос на мода?

Првата е денешната кралица Елизабета, втората е Волис Симпсон (ја има тука).

И пред и после нив има кралици и принцези што влијаат, со повремено мешање на фешн ројалти од типот на Кристијан Диор.

Обрнете посебно внимание на '70-ти и колку е тоа јако, колку е всушност назад вратено денес, во 2019-та и колку јак момент е што го носи кралицата, со додаточе - марама за глава, и уште едно додаточе - мутав тинејџер до неа. Во оваа деценија, Елизабета почнува редовно да ги носи карактеристичните монохроматски костуми.

(Цело време збориме за Елизабета, затоа што е жива во скоро сите децении британска мода, да е жива и здрава. Има и Дијана влијание, и тоа многу сериозно, ама Елизабета има надживеано едно 700 светски лидери, па...)

А зошто монохроматски? Внука ѝ ќе каже „мора да се истакне, за луѓето да можат да кажат ја видов Кралицата!”

И на крај, доаѓаме до сериозното влијание на Меган Маркл и Кејт Мидлтон (и нивните деца) на британската мода и економија.

Уште еднаш некој нека каже дека мода е површна работа.

24 јули 2019 - 01:24