1. Косата побрзо расте
Рузмаринот ги стимулира фоликулите и го поттикнува растот на косата. Некои истражувања покажуваат дека може да биде ефикасно колку и миноксидил - а, нема хемикалии.
2. Помага при проретчена коса и ќелави точки
Ако забележувате опаѓање или ретка коса, рузмариновото масло може да помогне преку подобрување на циркулацијата во скалпот и поттикнување на раст во оштетените делови.
3. Има антифунгални и антивоспалителни својства
и го смирува чешањето и лупењето на скалпот без да го исуши.
4. Ја зацврстува косата
Редовната употреба ја прави косата посилна — од коренот до врвот, што значи помалку кршење и расцветани врвови.
5. За природен сјај
Ја прави косата мазна и сјајна, без да стане тешка како со некои специјализирани производи.
6. Баланс на скалпот
Без разлика дали имате мрсен или сув скалп, маслото од рузмарин го балансира лачењето на себум, па скалпот е поздрав, а со тоа и влакното.
7. Можно е да ги одложи седите влакна
Не е магично решение, но има антиоксиданси, кои помагаат во одложување на предвременото белеење на влакната.
8. Се бори против бактерии
Има антимикробни својства кои го одржуваат скалпот чист и здрав. Вака се спречуваат воспаленија, кои пак го спречуваат здравиот раст на косата.
9. Одлично се комбинира со други масла
Може да се меша со кокосово, рицинусово или јојоба масло за уште поефикасна нега.
10. Природен мирис
Синтетичките производи имаат вештачки мириси; за разлика од нив, рузмаринот има свеж, хербален мирис кој ја освежува косата.
Ставете неколку капки во масло што ќе ви биде база (најлесно маслиново, но може и арган, кокос, бадем, рицинус) и масирајте го скалпот. Оставете го да отстои најмалку 30 минути (слободно и цела ноќ), а сабајле измијте ја косата. Може и 2-3 пати неделно, за најдобри резултати.