Знаете ли зошто морето е солено?
1 август 2024
-
Со милиони години, минерали и соли од реките течат во морињата и океаните. Водата испарува, останува растворената сол и ја прави останатата вода сè посолена.
-
Дел од океанската сол доаѓа и од ладење на магматските карпи или пак со абење и трошење на карпите и седиментите на дното од океаните.
-
На хемискиот состав на водата влијае и животот во морето. Морските организми излачуваат многу хемиски елементи и влијаат на концентрациите во водата, но ниеден организам не отстранува натриум хлорид (сол).