- Пратениците на Чешката Република го одобрија буџетот за 2026 година со кој се издвојуваат 7,4 милијарди долари за Министерството за одбрана, или нешто повеќе од 1,7% од БДП, што е под минималниот таргет на НАТО од 2%.
- Премиерот Андреј Бабија кажа дека ваквата распределба е максимумот и дека неговата влада дава приоритет на „здравјето на нашите граѓани“ пред повисоките трошоци за одбрана.
- Американскиот амбасадор Николас Мерик минатата недела предупреди дека Чешка ризикува да стане една од најниските плаќачи во Алијансата.
- Под притисок на Доналд Трамп, НАТО очекува до 2035 година членките да издвојуваат 3,5% од буџетот за основни воени потреби и уште 1,5% за други инвестиции поврзани со одбраната.
- Бабиш се врати на власт откако неговото движење АНО (или ДА), постигна голема победа на изборите во октомври, по што формираше владина коалиција со две помали политички групи чија агенда е олабавување на поддршката за Украина и отфрлање на некои клучни политики на Европската Унија.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.