- Во безумен крвав поход во Цетиње, 45 годишниот Ацо Мартиновиќ уби 12 и рани четворица. Подоцна, опколен од полицијата, кога сфатил дека е во безизлез, пукал во себе и починал на пат кон болница.
- Излудениот Мартиновиќ пукал во сè што му дошло пред очи: роднини, пријатели, кумови.... Две од неговите жртви се деца на 10 и 13 годишна возраст.
- На убиствата им претходела кафеанска расправија по што Мартиновиќ заминал и се вратил со оружје убивајќи го сопственикот на локалот и неговите деца, како и членови на сопственото семејство. Според официјалните лица, убиствата ги извршил на четири локации.
- По џебовите имал уште 80 куршуми.
- Отпосле го опишуваат како опасна и брутална личност. Во 2005 година, бил осуден на условна казна за насилничко однесување. Пред две години во неговиот дом било пронајдено оружје и експлозиви. Бил првостепено осуден на три месеци затвор, но не била донесена правосилна пресуда.