- Демонстранти фрлаа молотови коктели врз резиденцијата на премиерот Еди Рама, барајќи негова оставка поради корупција.
- Протестите ги организираше опозициската Демократска партија на Сали Бериша, откако обвинителството отвори истрага за министерката за инфраструктура Белинда Балуку, која воедно е вицепремиерка и пратеничка, поради местење тендери.
- Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал побара од Парламентот да ѝ го укине пратеничкиот имунитет на Балуку, за да може да биде уапсена.
- Бериша најави нови протести и ги повика другите опозициски партии да се придружат.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.