- Дури откако Виктор Орбан ја загуби власта на изборите, Володимир Зеленски вети дека Украина ќе го поправи нафтоводот Дружба, но индиректно предупреди дека целосно ќе пушти руска нафта до Унгарија откако новите власти во Будимпешта ќе го деблокираат заемот од ЕУ за Киев од 90 милијарди евра.
- „Ветивме дека ќе биде поправен до крајот на април. Не целосно, но доволно за да биде оперативен... Веруваме дека ова се совпаѓа со другите обврски на земјите-членки на Европската Унија, особено на Унгарија, која блокираше одредени одлуки што се важни за нас“, изјави Зеленски на прес-конференција во Берлин.
- Нафтоводот што носи руска нафта преку Украина до Унгарија и Словачка наводно бил оштетен од руски напад во јануари. Орбан го обвини Зеленски дека одбива да го поправи за да ја остави Унгарија без нафта спроти парламентарните избори. Како реакција го блокираше заемот од ЕУ за Киев.
- „ЕУ мора брзо да го исплати заемот, договорен во декември. На Украина итно ѝ се потребни парите“, изјави канцеларот Мерц.
- На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
- Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна.
- Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка.
- Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
- Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
- Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
- Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
- Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!