Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Затворена DOGE, која на САД им заштеди 215 милијарди долари

8 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • САД ја укинаа Канцеларијата за владина ефикасност (DOGE), која безмилосно ги кратеше непотребните федералните државни трошоци и бирократијата, но стивна со активностите откако Илон Маск се повлече од водечката функција лани во мај.
  • Според податоците на DOGE, последен пат ажурирани на 1 јануари 2026 година, мерките спроведени од Канцеларијата заштедиле 215 милијарди долари од федералниот буџет, или 1.335 долари по даночен обврзник. Поништени биле повеќе од 13.000 договори, речиси 16.000 грантови и 264 владини заеми.
  • Веднаш по основањето, Канцеларијата предизвика шокови низ администрацијата поради кратењето пари или укинувањето на агенции и проекти, вклучувајќи ја и USAID, за која Стејт департментот оцени дека не обезбедила резултати за американските граѓани, туку била користена за поддршка на „индустриски комплекс на невладини организации низ целиот свет“.
  • „Иако Канцеларијата официјално се затвора, ќе продолжи мисијата за елиминирање на непотребните трошоци, измамите и злоупотребите. Доброто управување со парите на даночните обврзници и одговорната влада не се привремени иницијативи. Се надеваме дека овие принципи ќе траат долго во следните 250 години на Америка, објави DOGE во својата последна објава на X.
  • Има уште за кратење. Трамп неодамна го назначи потпретседателот Џ.Д. Венс да предводи работна група за борба против измами, која досега првенствено се фокусираше на измами со програмата Медикејд на државно ниво. При крајот на мај Трамп изјави дека работната група веќе пронашла „милијарди и милијарди“ владини измами.
извор

Хаг ја запре истрагата за американски злосторства во Авганистан

16 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
  • Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
  • Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
  • САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
  • Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
извор

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

15 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
  • Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
  • Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
  • Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
  • Кој стои зад сето тоа? Антропик.

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Стоката излегла во парк

Македонштина
4

Кој ќе го замени Перо??

Македонски рулет
5

Од животот на еден тезгарош

Балканштина
6

После победата доаѓаат прашања

Мешано
7

Цена на злото

Балканштина
8

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

4

Сенатор: Убавината е да им плаќаме на Украинците да убиваат Руси

5

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
6

Рубио го истера Хуанг подалеку од Трамп

Свет
7

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

8

Хуанг и министерот Лутник повикани на сослушување пред Конгресот

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Стоката излегла во парк

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Балканштина

Потопување Мисици

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Зини да ти кажам

Долга е раката на Русинот

Умен тој

Да му стивне сексот на комшијата

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy