- И одбраната на обвинетите и застапникот на обвинението на јавна седница на Апелациониот суд побараа судот да прогласи апсолутна застареност на ТНТ за уривањето на станбено-деловниот комплекст Космос на Фијат Цановски во Општина Гази Баба.
- Во првостепената пресуда за ТНТ за уривањето на „Космос“ поранешниот премиер Никола Груевски беше осуден на девет години затвор, ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески на три, Елисавета Најдовска на четири, исто колку и Тони Трајковски, поранешен градоначалник на општина Гази Баба.
- Укажувајќи колку пропусти имала пресудата за ТНТ, Јанакиески обелодени дека на денот на објавување на пресудата бил осуден на три години затвор, а писмено е осуден на три години и шест месеци.
- Фиат Цановски за случајот очекуваше отштета од 11 милиони евра.
- Хашкиот трибунал му изрече единствена казна од 25 години затвор на поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи, поради воени злосторства на Косово, во периодот од април 1998 до јуни 1999 година.
- Во казната ќе му бидат пресметани и шесте години што ги помина во притвор во Хаг.
- Тачи е прогласен за виновен за 4 од десетте точки од обвинението за воени злосторства: за произволно лишување од слобода, за мачење, за сурово постапување и за убиства на 96 луѓе.
- „Како главен командант и клучен политички лидер, тој имал ефективна контрола врз ОВК и учествувал во широко распространетиот и систематски напад врз цивилното население и неистомислениците“, објави судот.
- Независно од оваа пресуда, против Тачи во Хаг почнува уште еден судски процес под обвинение за влијание и застрашување на сведоци во притворот, за што обвинителството бара уште 6 години затвор.
- Со 25 години затвор e казнет и портпаролот на ОВК, Јакуп Красниќи. Кадри Весели доби 18 години, а шефот на оперативниот директорат Реџеп Селими 13 години затвор. Сите се прогласени за виновни за истите точки од обвинението.
- Урсула фон дер Лајен ја покани Канада да биде првата „придружна членка“ на Европската Унија.
- Во обраќањето пред европските пратеници, на кое присуствуваше и канадскиот премиер Марк Карни, претседателката на Европската комисија, најави наградување на трговскиот договор CETA со Отава во нова и сеопфатна „Алијанса за иднината“ за заеднички просперитет и економска безбедност.
- „Ќе го претвориме Арктикот во водечки заеднички проект. Ќе работиме на енергетиката, критичните минерали и батериите, како и на вештачката интелигенција, квантните технологии, сајбер-безбедноста и економската безбедност“, изјави Фон дер Лајен.
- Трговскиот договор CETA, усвоен пред девет години, сè уште треба да биде ратификуван од десет земји-членки на ЕУ, кои стравуваат од трговска конкуренција.
- Премиерот Карни утре ќе се обрати пред Европскиот парламент. Канада и ЕУ ќе одржат самит кон крајот на октомври во Монтреал.