- Поддршката за Хамас на Западниот брег се зголемила од 12% пред 7 октомври на 42% во декември, според анкетата на Палестинскиот центар за истражување на политики и анкети.
- Многу Палестинци велат дека Палестинската управа - која беше создадена во 1994 година според Договорот од Осло и сега управува со голем дел од Западниот Брег - не успеала да донесе решение за конфликтот додека станува се поавтократска. Истата анкета вели дека 90 отсто од Западниот Брег сега мислат дека неговиот претседател Махмуд Абас треба да поднесе оставка.
- Истражувањето покажа дека од 7 октомври, 70 отсто од Палестинците анкетирани на Западниот Брег велат дека сега ја поддржуваат вооружената борба против Израел.
- Грција од идната година ќе блокира пристап до социјалните медиуми за деца и тинејџери помлади од 15 години, објави премиерот Киријакос Мицотакис. Предлог-законот ќе биде поднесен до Парламентот во текот на летото, за да може да стапи на сила на 1 јануари 2027 година.
- „Сигурен сум дека многумина од помладите ќе ми се лутат. Да бев на ваша возраст, можеби ќе се чувствував исто. Но, зависноста предизвикана од дизајнот на некои апликации, моделот на правење профит од вашето внимание, од тоа колку време поминувате пред екранот на мобилниот телефон и одземањето дел од вашата невиност и слобода, мора во некој момент да заврши“, порача Мицотакис преку видео на ТикТок.
- Конзервативната влада на Мицотакис веќе забрани употреба на мобилни телефони во основните и средните училишта и долго време најавуваше ограничувања на социјалните медиуми.
- „Грција ќе биде меѓу првите земји што ќе преземат таква иницијатива. Но, сигурен сум дека нема да биде последна. Имаме намера да извршиме притисок врз Европската Унија во таа насока, додаде Мицотакис.
- Британија, Франција, Португалија и Шпанија, планираат слични ограничувања на младите за пристап до социјалните медиуми. Австралија беше првата земја што им забрани на лицата под 16 години да користат платформи на социјалните медиуми.