- Заев си замина од политиката. Но Заев зад себе остави неколку опасни наследства за демократијата во Македонија. Прво, тој покажа дека е можно да се дојде на власт и по изгубени демократски избори со помош на надворешен фактор, а потоа да се поткопа и обезличи државата одвнатре, пишува професор Звонимир Јанкуловски во Нова Македонија.
- Заевизмот е гнилото ткиво на македонската политика, кое продолжува да живее низ неговите следбеници. Заевизмот е и излив на малограѓанство, сервилност, поданички менталитет и провинциска агресија на неговите следбеници кон „аутсајдерите“, поточно кон сите други што не припаѓаат на нивната тајфа и се перцепирани како закани.
- Заевизмот е поддршка и следење поради незнаење, недоволна информираност или дезинформираност за прашањата од национален интерес. Тоа е ефектот Данинг-Кругер, каде што проблемот не е само во погрешнaта информираност туку во целосната несвесност дека сте дезинформирани. Затоа заевистите како зомбирана армија од љубители и следбеници на култот на Заев останаа шокантно молчаливи пред националното предавство со промена на името на државата и нејзиното идентитетско обезличување.
- Италијанската полиција ги пронашла двајцата малолетници кои украле минибус од депо во местото Ровиго и го возеле осум километри пред да изгубат контрола и да излетаат во канал.
- Нема информации дали биле повредени.
- Пред да го грабнат автобусот, искршиле стакла и ретровизори на десетина паркирани возила во депото.
- Истражителите се убедени дека малолетниците се обидувале да имитираат ситуации од видео-играта „GTA 6“, која беше објавена истиот ден.
- Кремљ ги отфрла сите обиди на Западот да ѝ гарантира безбедносни гаранции на Украина според моделот за колективна одбрана на НАТО.
- „Самата идеја за некаква формула за ‘квази-членство‘ на Украина во НАТО, како и потрагата по ’креативно решение‘ во таа сфера, е опција што за нас е неприфатлива. Кога зборуваме за безбедносни гаранции, пред сè мислиме на обезбедување на сигурноста на нашата сопствена земја“, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
- Францускиот претседател Емануел Макрон, по самитот во Берлин, изјави дека „повторно треба да се отвори“ прашањето за членството на Украина во НАТО.
- Американскиот мировен преговарач Џаред Кушнер изјави дека заедно со Стив Виткоф успеале да ги убедат Русите да го прифатат концептот за безбедносни гаранции за Украина врз основа на Членот 5 од Алијансата, кој налага колективна реакција ако е нападната некоја членка.
- „Нека ја сфатат неотповикливата природа на нашето барање оваа држава да не пристапува кон НАТО. Кога тоа ќе се случи, сметам дека ќе може да се разговара за безбедносните гаранции, на еден или на друг начин“, додаде Рјабков.
- Тој исто така потврди дека се прават подготовки за можна посета на претставници од Британија, Германија и Франција, кои претседателот Путин ги покани во Москва да разговараат за форматот на идните преговори за безбедноста во Европа и за крајот на војната во Украина.