- Уставниот суд на Албанија пресуди дека едногодишната забрана на ТикТок од страна на владата е неуставна и ја нарушувала загарантираните слобода на печатот и слобода на изразување.
- „Владата не ги испитала доволно последиците од спроведувањето на забраната и не докажала убедливо дека општото блокирање на платформата претставува единствено ефикасно и неопходно средство за постигнување на предвидената цел“, се наведува во пресудата.
- Владата на Еди Рама лани го забрани ТикТок по трагичната смрт на тинејџер кој бил малтретиран преку платформата. Забраната за пристап заврши на 5 февруари, откако платформата во кинеска сопственост вградила нови „безбедносни механизми“.
- Блокадата на Тикток ја оспорија Здружението на новинари на Албанија и Балканската мрежа за истражувачко новинарство. Опозициските партии ја обвинија владата дека се обидува да ги замолчи со тоа што ја забрани платформата неколку недели пред парламентарните избори минатата година, што владата го негира.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.