- Синдикатот на котролата на летање најавува штрајк со затворање на воздушниот простор, започнувајќи од 10-ти јануари доколку не се исполнат нивните барања.
- Да се најдат сите (во моментов само пола се најдени) од оние кои упаднаа во М-НАВ за да се курчат и покажуваат сила.
- Да се истражат пропустите на службите задолжени за обезбедување на објектот, како и соучесништвото од страна на лица вработени во македонската навигација кои го потпомогнале влезот на неовластените лица.
- Тројцата извршни директори да поднесат оставки поради ескалација на состојбата до која дојде во контролата на летање по нивна вина.
- Ако тие не чувствуваат морална одговорност, нивното заминување од М-НАВ да го изведе владата.
- Откако го прогласија Ормускиот Проток за затворен и со тоа ја кренаа цената на нафтата на светските берзи, иранските сили пропуштаат одредени бродови преку кои Техеран сè уште извезува милиони барели нафта.
- Од почетокот на војната иранските сили погодија 20 бродови, но низ теснецот во периодот од 1 до 15 март пропуштиле 89, според фирмата за поморски сообраќај Лојдс Лист Интелиџенс. Пред војната поминуваа помеѓу 100 и 135 бродови на ден.
- Меѓу пропуштените бродови имало и 16 танкери што пловат главно до Индија и Пакистан, земји што преговараат со иранските власти.
- Од почетокот на март Иран успеа да извезе над 16 милиони барели нафта, проценува платформата за трговска анализа „Кплер“. Најголемиот увозник е Кина.
- Во обид да ги стабилизираат цените на нафтата, САД не ги запираат пропуштените бродови. „Дозволивме иранските бродови да излегуваат за да го снабдуваме остатокот од светот“, изјави министерот за финансии Скот Бесент.
- Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро отворено размислува за идејата Канада да побара членство во Европската Унија.
- Говорејќи на конференцијата „Европа 2026“ во Берлин, Баро рече дека Европската Унија привлекува повеќе земји-кандидатки, како што е Исланд, и дека во одреден момент можеби и Канада ќе се приклучи.
- Неговиот говор предизвикал аплауз и смеење.
- Идејата за Канада во ЕУ ја возеа и некои канадски политичари но лани во јуни ја отфрли премиерот Марк Карни, појаснувајќи дека неговата земја сака пошироки врски со стариот континент, но не како членка на ЕУ.