- Ние пензионерите треба да бидеме среќни поради тоа што пензијата ни ја покачуваат за 6 отсто оние кои претходно сами си ја покачија својата плата за дури 78 отсто. Извинете, ама ова е безобразно, некултурно, па дури и вулгарно.
- Вака пензионерката Милица Колевска од скопската населба Аеродром ја коментира одлуката на Владата да им ја зголеми пензијата на пензионерите за скромни 6 проценти.
- И пензионерот Миле Соколевски од Кисела Вода смета дека покачувањето на пензиите за 6 отсто е „мачкање очи“ пред избори.
- Германија планира да воспостави заедничка операција на НАТО на Арктикот во обид да го одврати Доналд Трамп од плановите за присвојување на Гренланд. Мисијата „Арктички стражар“ би била скроена според операцијата на НАТО „Балтички стражар“, која почна минатата година за заштита на инфраструктурата во Балтичко Море.
- „За иднината на Гренланд исклучиво треба да решаваат Данска и Гренланд. Територијалниот суверенитет и интегритет мора да се почитуваат. Овие принципи на меѓународното право важат за сите - вклучително и за САД. Ние работиме заедно како сојузници на НАТО за да ја зголемиме безбедноста на Арктикот, а не едни против други“, порача германскиот вицеканцелар Ларс Клингбеил.
- Трамп тврди дека Гренланд има стратегиско значење за безбедноста на САД и се закани дека ќе ја присвои - со воена сила доколку е потребно - контролата врз автономната територија на Данска, членка на НАТО. Трамп предупредува дека Москва или Пекинг ќе го заземат островот ако САД не го сторат тоа.
- И британскиот премиер Кир Стармер побара разговори со европските сојузници за распоредување воена сила на Гренланд. Плановите, сè уште во рана фаза, би можеле да вклучуваат британски војници, воени бродови и авиони за чување на островот.
- Иранците се наоѓаат меѓу две опции: да бидат охрабрени од заканите на Трамп кон официјален Техеран дека ќе интервенира тргне со масовна пресметка со демонстрантите или да бидат обесхрабрени од заканите на главниот обвинител дека учесниците во протестите ќе се сметаат за „непријатели на бога“, дело што повлекува смртна казна.
- Оние првите протестираат веќе две недели, западни извори тврдат сè помасовно. Растат и насилствата. Се јавува за преку 160 мртви, беа запалени објекти и по некоја џамија во Техеран и другите поголеми градови.
- Реза Пахлави од безбедна далечина од предградие на Вашингтон побара демонстрантите да ги заземат градските центри а тој се подготвувал за враќање во земјата.
- Екс оперативец на ЦИА за Иран тврди дека ајатолахот има најмногу недела-две додека теократсккот режим се сруши.
- Техеран го исклучи интернетот толку прецизно и систематски што ни сателитскиот Старлинк на Илон Маск засега не помага.
- Најбитното на крај: Урсула фон дер Лајен на демонстрантите им порача дека „ЕУ стои со нив“.