За 4 месеци биткоинот изгуби 40%
3 февруари 2026
- Само пред неколку недели, биткоинот вредеше 95.000 долари. За време на викендот му се случи драстичен пад и дојде до 75.000 долари, најниска негова вредност во последните десет месеци.
- Негативниот тренд трае четири месеци, период во кој оваа крипто-валута изгуби 40 проценти од својата вредност.
- Меѓу причините за последниот пад се наведува објавата на Трамп за номинација на Кевин Ворш за нов претседател на федералните резерви, како и пораката на актуелниот претседател Џером Пауел за задржување на каматните стапки до јуни, што довело до атмосфера на несигурност меѓу инвеститорите кои очекуваа монетарната политика да попушти порано од тоа.