- Јеменските хути и САД на тајни преговори во Оман постигнале договор за слободно поминување на танкери и комерцијални бродови низ протокот Баб ел Мандеб.
- За возврат, американските сили ќе се воздржат од директно мешање во војната на хутите со Саудиска Арабија.
- Хутите се обврзале дека нема да напаѓаат американски и израелски бродови ниту комерцијални бродови од која било друга земја, освен оние што ѝ припаѓаат на Саудиска Арабија.
- Тајната средба се одржала во Амбасадата на САД во Оман во текот на викендот, неколку дена откако проиранските бунтовници зазедоа стратегиско пристаниште на Црвено Море. Трамп во саботата потврди дека хутите побарале од САД да не се мешаат во војната во Јемен.
- Администрацијата на Трамп во март 2025 година ги означи хутите за „странска терористичка организација“ и бомбардираше нејзини позиции за да ја запре кампањата на напади врз бродови во Црвено Море. Но, Вашингтон ги продолжи контактите и во мај склучи договор за прекин на огнот.
- Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со „сериозни царини“ и трговска блокада ако оцени дека прифаќањето на Канада за придружна членка е непријателски чин насочен против САД.
- Брисел и Отава се во процес на дефинирање на „придружното членство“, со оглед на тоа што таков статус моментално не постои според законодавството на ЕУ.
- „Ако станува збор за добра намера, тоа е во ред. Но, ако е лоша намера, ќе воведеме многу високи царини за Европа или ќе престанам да тргувам со Европа за многу работи“, изјави Трамп.
- Иницијативата е големо разочарување за Трамп, кој упорно повикуваше Канада да стане 51-ва американска држава. Ја оцени како „смешна“ и ги предупреди Европејците дека Канада е „ужасен трговски партнер“.