- Градскиот совет на Вуковар донесе измени на статутот на градот со која се укинува правото на српското малцинство на кирилица.
- Ова е резултат на овогодинешниот попис по кој во Вуковар живеат 29,73% Срби а таквото право им следува на малцинства кои чинат најмалку една третина од локалното население.
- На територијата на цела Хрватска денес живеат 3,2% Срби. Пред војната во 1991 тие сочинуваа 12,2% од вкупната популација.
- Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, најави дека следната година ќе биде намалено производството на Сајбертракот, за да се фокусира на комплетно автономните такси возила.
- Електричната Годзила се произведува само во мега-фабриката на Тесла во Остин и засега нема најави дека производството може да биде преместено на други локации.
- „Конечно, иднината ќе изгледа како иднина,“ ентузијастички изјави Маск при лансирањето во 2023 година но возилото не ги исполни продажните надежи: во САД пречка за тоа беше електричниот погон а во Европа габаритот.
- Појавата на Сајбертракот како ретко која кола ги подели луѓето: на едни им беше екстремно грд, на други преубав од што е екстремно грд.