- „Ќе ви покажам како изгледа лицемерието кога некој ви држи лекции за европските вредности. Да ве потсетам што се случи пред 8 години во Куманово, кога албански терористи, вистински терористи, ја нападнаа меѓународно признатната суверена држава Македонија, земја членка на ОН. Осум македонски полицајци беа убиени. Што се случи? Тогаш ниту Рама, ниту некој од ЕУ не држеа предавања”, рече Вучиќ во интервју за РТС, покажувајќи слики од „државниот погреб во Приштина” во 2015 година.
- „Правеа комеморација за сите Албанци убиени во Куманово. Цела сала, сите организирани. И никому ништо“, потсети Вучиќ покажувајќи слика и од споменикот на Бег Ризај.
- Бег Ризај, алијас Командант Бегу, беше меѓу убиените во Куманово. Иако загина во оружен напад на друга држава, во Дечани на Косово му изградија споменик, пишуваше Призма пред две години.
- На семејствата на загинатите и уапсените битанги кои вооружени упаднаа во Македонија, владата на Рамуш Харадинај им исплати по 10.000 евра.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.