- Претседателот Александар Вучиќ бара кривична и правна одговорност за „силеџиството и хулиганството“ во Собранието на Србија.
- „Чекаме што ќе направи обвинителството. Да беше спротивно, досега сите ќе бевме обесени“, изјави Вучиќ, префрлајќи ја врз опозициските пратеници одговорноста за хаосот во вторникот.
- Пратеничката Јасмина Обрадовиќ, која претрпе мозочен удар, е задржана на интензивна нега. Подобро е повредената Соња Илиќ, која е во осми месец бременост, како и Јасмина Каранац, која беше испрскана со солзавец.
- Полицијата извршила темелен претрес во Собранието по дојавата дека во зградата е поставена бомба. Не нашле.
- Пред Собранието се распоредени многу полицајци. Ги претресуваат пратениците што доаѓаат на продолжението на седницата. Не може да внесат храна. Одземале и свирчиња.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.