Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Вратка: Трамп му го одзеде безбедносниот сертификат на Бајден

9 февруари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Доналд Трамп му го укина безбедносниот сертификат на неговиот претходник кој му овозможување пристап до доверливи информации.
  • Без таков сертификат, Бајден ќе престане да ги добива и разузнавачките брифови.
  • Поранешни претседатели редовно продолжуваа да добиваат такви брифови сè додека Бајден во 2021 година не направи преседан и му го одзема сертификатот на Трамп во пресрет на настаните од 6-ти јануари.
извор

САД повторно бомбардираат во Сирија

20 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Американски авиони и хеликоптери вчера извршиле воздушни напади врз 70 цели на групата ИСИС во Сирија како одмазда за убиството на двајца американски војници и нивниот преведувач пред една недела близу Палмира.
  • „Ова не е почеток на војна, туку одмазда. Под водство на претседателот Трамп, САД никогаш нема да се колебаат за одбрана на нашиот народ“, порача шефот на Пентагон, Пит Хегсет.
  • Ова е прва голема интервенција на САД по затоплувањето на односите со привремениот сириски претседател Ахмад ал Шара, поранешен лидер на терористичка група по кого беше распишана американска потерница со награда од 10 милиони долари.
  • Трамп синоќа ја повтори поддршката за Ал Шара и за сириските владини трупи, за кои оцени дека се „на страната на САД“ во борбата против тероризмот.
извор

Украина меѓу лош и уште полош мировен договор

20 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Украинското раководство има тесен простор за дипломатско маневрирање и тешко може да ги заштити своите „црвени линии“ во мировниот договор со Русија, вели Давид Арахамија, парламентарниот лидер на владејачката партија Слуга на народот. Тој вели дека сегашниот притисок од САД е шанса за мир. Без американско учество, на Украина ѝ преостанува да го реши проблемот по воен пат.
  • „Многумина сè уште веруваат дека треба да инсистираме на фантастични услови. Договорот ќе биде лош или многу лош, или воопшто нема да има договор“, вели Арахамија, претставник на прагматичното крило на партијата на претседателот Зеленски.
  • Тој ги смета за „слаби“ безбедносните гаранции што западните земји ѝ ги понудија на Украина, и кои опфаќаат колективна реакција од НАТО ако Русија го прекрши мировниот договор. „Во случај на напад, членките на НАТО ќе мора да се состанат на консултации во рок од 72 часа. Извинете, ама тоа не е доволно. На 24 февруари речиси ја изгубивме земјата за 72 часа“, изјави Арахамија.
  • Тој бара дефинирање конкретни обврски за одвраќање, во врска со тоа кое оружје, какви ракети и во кои количини ќе бидат достапни и како ќе се финансира војската.
  • Американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер и рускиот Кирил Дмитриев денеска во Мајами ќе одржат нова рунда разговори за крај на војната. За да прифати мир, рускиот претседател Владимир Путин бара целосно повлекување на украинските сили од Донбас и цврсти гаранции дека НАТО повеќе нема да биде закана за Русија.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Си биле Босанец, Македонец и Хрват

Фудбал
2

Ако Тарантино снимаше во Ченто

Разно
3

Вкупната финансиска инјекција од УЕФА за Шкендија

4

Хитлер да имаше вакви криптографи, ќе ја добиеше војната

Македонштина
5

Падна рекордот на Џабар, центар со најмногу асистенции во НБА е Јокиќ

Кошарка
6

Кустурица веќе не е сопственик на Андриќград

7

Филипче го враќа името!

Македонски рулет
8

Бил Гејтс и „Лолита“ во новиот пакет снимки за Епстин

1

Кустурица веќе не е сопственик на Андриќград

2

Бил Гејтс и „Лолита“ во новиот пакет снимки за Епстин

3

Џефри Сакс до Мерц: Научи историја!

Свет
4

Трамп ја запре лотаријата за зелена карта

5

Дигитални ЛК: Спремни ли сте да ве следат?

Свет
6

Половина првачиња во Виена не разбираат германски

Свет
7

Кинески богаташи штанцаат наследници од сурогат мајки во САД

Занимливости
8

ЕУ ќе мора со свои пари да ѝ ги плати сметките на Украина

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Најважното сезонско прашање

Македонштина

Хитлер да имаше вакви криптографи, ќе ја добиеше војната

Разно

Ако Тарантино снимаше во Ченто

Балканштина

Исповед и реакција

Медиуми

Медиумско пакетче

Балканштина

Звучно предупредување

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Македонски полицајци со потенцијал за Пулицер

Вежба која секој мора да ја проба

Данке Птичланд

Плоштадот комплетиран

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy