- Паралелно со седницата на која му беше одземерн имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев, истражителие од ОЈО за организиран криминал и МВР влегле и во домот и во канцеларијата на Иџет Мемети, член на Советот на јавни обвинители.
- Со ветување дека можат да влијаат и да помогнат на обвинети и осудени, Георгиев и Мемети делувале во шема, а продавале и информации од кривични постапки за осомничени и за обвинети лица.
- Според скромните информации од предистрагата, синот на осудениот екс-градоначалник Боро Стојчев ги снимил со мобилен телефон како му бараат пари за наводно да му помогнат на татко му.
- Иџет Мемети нема што не бил: министер за правда во два наврата, народен правобранител (16 години), уставен судија, генерален секретар на Влада, државен советник, член на ДИК....
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.