- На преброени 57% од гласовите, Сотир Лукровски од ВМРО ДПМНЕ освоил 36,5% од гласовите.
- Како втор во вториот круг оди актуелниот градоначалник Стевче Јакимовски со 29,89%.
- Кандидатката на СДСМ, Маја Мојсова-Мијовска излегува од трката со освоени 12,86% од гласовите.
- Добрата вест за Ахмад Џаангард Такало, 32-годишен Азербејџанец од турскиот град Ван: Без да знае станал еден од најбогатите луѓе во светот, откако на неговата банкарска сметка биле префрлени 1.000 милијарда лири (околу 21,8 милијарди долари).
- Лошата вест: Не може да повлече ни лира, додека финансиската полиција истражува како завршиле толку многу пари на неговата сметка.
- Такало побарал објаснување од банката откако му била одбиена картичката кога плаќал во супермаркет. Во банката го известиле дека на сметката има 999.999.999.999,99 лири и дека случајот го истражува Одборот за финансиски криминал (MASAK).
- Приватниот сопственик на мало претпријатие предупредува дека ќе банкротира ако проверката се одолговлечи уште некој месец.
- Од друга страна, морал да го смени телефонот откако се проширила веста дека станал билионер: „Одеднаш сите почнаа да ми се јавуваат и да тврдат дека ми се роднини“.
- Проиранските хути во Јемен објавија дека почнуваат блокада на протокот Баб-ел-Мандеб за израелски и бродови што носат стока до Израел.
- „Прогласуваме целосна и тотална забрана за израелска поморска пловидба во Црвено Море. Сите непријателски движења ги сметаме за легитимни воени цели за нашите вооружени сили“, соопштија бунтовниците, кои контролираат регион со 80% од вкупното население на Јемен.
- Баб-ел-Мандеб е портата од Арабиско во Црвено Море, на кое Израел има брег од само 12 километри и свое пристаниште - Елијат.
- Блокадата ќе ги принуди бродовите од Азиско-пацифичкиот регион да ја заобиколуваат цела Африка за да стасаат до Израел.
- Хутите презедоа одговорност и за дел од синоќешните ракетни напади врз Израел, како одговор на израелската офанзива во Либан и бомбардирањето на Бејрут.