- Не е уплатен ниту еден долар во официјалниот фонд за обнова на Газа, формиран од Одборот за мир на Доналд Трамп и администриран од Светската банка.
- Во Одборот, промовиран од Трамп во јануари, се приклучија 35 земји. Беа ветени 17 милијарди долари. Трајното членство чини 1 милијарда долари.
- Сите досегашни донации се уплатени на сметка на JPMorgan - без транспарентен увид или одговорност.
- Единствените земји што досега дале значаен придонес се Мароко (3 милиони долари) и Обединетите Арапски Емирати (20 милиони долари). Ова ги покрива трошоците за високиот претставник Николај Младенов и платите на Палестинскиот експертски комитет. ОАЕ, исто така, издвоија 100 милиони долари за полициски сили, но програмата сè уште не почнала.
- Според неодамнешно истражување на ЕУ, ОН и Светската банка, трошоците за реконструкција на Газа се проценети на 71,4 милијарди долари.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.