- Врз онова на новодоставената цена од рускиот испорачател Газпром, босански Енергоинвест направил рекалкулација на трошоците која ја одборува Федерацијата.
- Новата цена на гасот ќе биде пониска за 12,5% и ќе почне да важи од први април.
- Македонските „зналци“ решија на бугарската компанија „Балкан јутилитис“ да ѝ плаќаат фиксна цена на гасот без разлика како се движи нејзината цена на берзите.
- Иран истрелал балистички проектили врз центри на курдски бунтовници во соседен Ирак, за да спречи инфилтрација на непријателски сепаратистички сили со намера да извршат терористички напади.
- Целите на „превентивниот напад“ во северната ирачка провинција Сулејманија биле штабови на вооружената група на ирански курди Комала.
- ЦНН и други американски медиуми деновиве објавија дека ЦИА одржува контакти со новоформираните Коалиција на курдските милиции од Иран, Ирак и Сирија за да се уфрлат во Иран и да поттикнат народно востание за соборување на режимот во Техеран.
- Ерусалим пост синоќа објави дека „стотици курдски борци веќе ја преминале границата“, но извештајот беше отфрлен како „дезинформација“ од функционери од ирачкиот автономен регион Курдистан и од Револуционерната гарда на Иран.
- Сенатот на САД со 53 наспроти 47 гласа ја отфрли резолуцијата која потенцијално би ја запрела војната што Трамп ја почна во Иран. „Резолуцијата за воена моќ“ предвидуваше претседателот да бара одобрение од Конгресот за секој понатамошен напад.
- Се гласаше по партиски линии. Единствено републиканскиот сенатор Ранд Пол гласаше за ограничување на Трамп, а демократот Џон Фетерман беше против.
- „Денес секој сенатор поединечно ќе избере страна. Дали сте со американскиот народ кој е исцрпен од вечните војни на Блискиот Исток или сте со Доналд Трамп и Пит Хегсет додека нè туркаат во уште една војна?“, изјави пред гласањето лидерот на демократите Чак Шумер.
- „Демократите попрво би го спречиле Доналд Трамп отколку да ја уништат нуклеарна програма на Иран“, предупреди републиканскиот сенатор Џон Баросо.
- Претседателот Трамп оцени дека војната против Иран би траела четири недели, а министерот за одбрана Пит Хегсет вчера предупреди дека би можела да продолжи осум недели, бидејќи Иран сè уште има капацитет за ракетни напади.