Владата намалува ДДВ на горива од 18 на 10 отсто
23 март 2026
- Намалувањето на ДДВ-то би требало да доведе да нема зголемување на цената на бензините, а до три денари повисока цена на дизелот. Според пресметките, новата цена на бензинот треба(ше) да биде поголема за 6,5, а на дизелот за 10,5 денари.
- Засега нема да има ограничување за странци кои дневно во Македонија точат до 150.000 литри гориво, што е десет проценти од вкупната количина.
- „Ако порано се случуваше естрада поради донација од 5.000 вакцини, сега граѓани од соседните земји точат гориво кај нас, бидејќи така заштедуваат и на тој начин го штитат својот стандард во своите земји. Онаа Македонија која беше на колена за да добие некаква донација сега рефлектира стабилност и претставува фактор на сигурност за граѓаните од соседните земји“, вели Мицкоски.
- Премиерот уверува дека Владата нема да дозволи ценовен шок на прехранбените производи. „Државниот пазарен инспекторат е на терен и од она што го гледаме, има поскапување кај маслото и кај јајцата. Зборувам за поскапување коешто е видливо и значајно, кај останатите производи цените во принцип не отстапуваат“, изјави тој.