- Тврдото кравјо сирење пармезан/пармиџано реџано може да се нарекува така само ако доаѓа од Парма, Болоња или Реџио Емилиа.
- Процесот на коагулација со кој се добива сирењето се темели на ензимот кимосин. А тој се добива со сушено телешко шкембе.
- Невегетаријански се и Грана Падано, горгонзола, ементалер и камембер.
- Искрените вегетаријанците кои јаделе пармезан а допрва го дознаваат ова, истовремено ја дознаваат и мудроста во изреката „незнаењето е благослов“.
- Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со „сериозни царини“ и трговска блокада ако оцени дека прифаќањето на Канада за придружна членка е непријателски чин насочен против САД.
- Брисел и Отава се во процес на дефинирање на „придружното членство“, со оглед на тоа што таков статус моментално не постои според законодавството на ЕУ.
- „Ако станува збор за добра намера, тоа е во ред. Но, ако е лоша намера, ќе воведеме многу високи царини за Европа или ќе престанам да тргувам со Европа за многу работи“, изјави Трамп.
- Иницијативата е големо разочарување за Трамп, кој упорно повикуваше Канада да стане 51-ва американска држава. Ја оцени како „смешна“ и ги предупреди Европејците дека Канада е „ужасен трговски партнер“.
- Администрацијата на Трамп ќе скрати воена помош за Македонија, Словачка, Тунис и Ирак во вкупна вредност од 52 милиони долари и ќе ги пренамени за Панама, Перу, Еквадор и Колумбија.
- Военото финансирање Македонија и на другите три земји нема целосно да биде укинато, но не е познато за колку ќе биде скратено.
- „Средствата ќе се користат за борба против нарко-тероризмот во нашето непосредно опкружување и за помош во натамошното обезбедување на Панамскиот Канал“, соопшти Стејт департментот.
- Државниот секретар Марко Рубио минатата недела ги посети Колумбија, Еквадор и Перу и им вети дополнителна поддршка. САД веќе најавија префрлање на приоритетите кон Западната хемисфера.