- Целата приказна за „проверувачи на факти/вистини“ е само продолжена рака на мејнстрим медиумите, кои никогаш нема да ја напуштат страната на господарите на моќта во полза на обичните луѓе и страдалниците. Затоа, овде уште врви и приказната за бајковитата ЕУ како наша крајна дестинација на прогрес, мир и благосостојба – ама нема да ви покажат како врие, како силно се борат производителите, фармерите и сите оние што не се согласуваат со милитаризацијата.
- Многу пострашно станува кога ќе ја погледнете големата слика. Еден пример во оваа насока е Такер Карлсон (патем, новинар со кого не споделувам ист поглед на светот, ама кого го сметам за разумен и храбар): откако го набркаа од каналот Фокс поради говорење на вистината, стана независен – но и тоа не е доволно безбедно, ако се осмелите да правите интервју со Путин (и, замислете, тоа го прават во општества што своевремено Хитлер го прогласувале за личност на годината и го лепеле по насловни страници).
- Сепак, маченикот на нашето време и најхрабар меѓу храбрите (новинари) е Џулијан Асанж. Не знам како новинарите живеат со својот срам, кога се современици на еден Џулијан!?
- Со нова онколошка терапија, лекарите од Клиничко-болничкиот центар во Ријека успешно ги третирале здравствените компликации што се појавиле како резултат на третманот на примарната болест - тумор на жолчниот канал.
- Станува збор за хипербарична кислородна терапија, првпат пробана на хрватската писателка и колумнистка со остар јазик, Ведрана Рудан.
- Ѝ било подобро веќе после три дена, болките престанале и ѝ се вратил апетитот - за две недели вратила 10 килограми.
- „Денес одам, јадам, пијам и повторно живам. Единствен проблем ми е што не знам дали е ова сон или реалност,“ вели Рудан.
- Иранските власти одобрија план со кој се предвидува „патарина“ за сите комерцијални бродови кои минуваат низ Ормускиот Теснец.
- Висината на таксата ќе зависи од тонажата и видот на товарот. Најмногу ќе бидат погодени нафтените танкери, со оглед на тоа што низ овој теснец минува околу 20% од светската нафта.
- Меѓународните правни експерти го оспоруваат овој потег, повикувајќи се на Конвенцијата на ОН за правото на морето, која гарантира слободен премин низ меѓународните теснеци. Но, Иран тврди дека бидејќи тие го гарантираат мирот во овие води, имаат право на надомест за безбедност.
- Се проценува дека ова ќе доведе и до покачување на цената на нафтата и до поскапување на осигурувањето: бродовите ќе мора да плаќаат повисоки премии поради ризикот од заплена доколку не платат патарина.