- Што ако на некое младо дете му текне да се распраша и сфати зошто му било судено на Ченто? Зошто бил предмет на тортура и притисоци да се откаже од своите идеали? Проблемот, драги мои, е многу подлабок и поголем од ликот на Ченто: проблемот е во Македонското прашање (со големо М).
- Она што ме боли најмногу е што овој наш асномски Пиемонт (како што пишува во Манифестот од 1944) се распаѓа пред наши очи како кула од карти пред налетот на неединството, лакомоста за власт, стравот да се биде Македонец (викај ме стомна, ама не крши ме), неспособност да се посочи со прст кон сите оние што нè толчат, ограбуваат, одродуваат, превоспитуваат.
- Денес никој не е подготвен да оди во затвор за своите идеали (за Уставот на пример) – освен Ченто. Јане. И неколкумина што лежат в затвор, додека амнестираните не знаат за доста.
- Во мало француско гратче утре се одржуваат не баш историски избори кои сепак добија глобален публицитет.
- Во трката за градоначалник на Арсис-сур-Об за реизбор за бори Хитлер а противкандидат му е Зјелински.
- Шарл Хитлер е навикнат на мајтап со неговото презиме и цртање мустаќи на постерите но малку му е незгодно кога ќе прочита дека 37% од неговото место се Хитлеровци.
- Францускиот Хитлер е центрист додека оној спроти него, 28 годишниот Антоан Рено Зјелински е од крајно-десничарскиот патриотски блок.
- Хитлер објаснува дека му е криво што вниманието е свртено само околу презимињата на кандидатите а не нивните политики.
- Самото место во кое живеат само 2.785 жители името го добило по едно место близу Одеса во Украина, каде во 1814 се одвивала една од битките на Наполеон.
- Европската унија од 1 јули годинава воведува нова фиксна давачка за мали пратки со вредност под 150 евра, мерка што директно ќе ги погоди и пратките од платформи како ТЕМУ и АлиЕкспрес.
- Давачката ќе изнесува три евра по пратка а до ноември се најавува и дополнителна такса „за обработка“.
- Лани 5,8 милијарди мали пратки со ниска вредност испратени директно до потрошувачите влегле во ЕУ. Над 90 проценти доаѓаат од Кина.