- Повеќе од 100 амандмани поднесоа бугарските европарламентарци на извештајот на Томас Вајц за прогресот на Македонија во евроинтегративниот процес.
- Тие на маса ги враќаат прашањата како заедничките славења, историјата, јазикот, досиејата на службите, говорот на омраза, учебниците… како услов за продолжување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Со овие амандмани повторно тие го проблематизираат статусот на Македонија и ја шират листата на барања.
- Затоа известувачот Вајц самиот побара од правната служба на Европскиот совет разјаснување на „сите двосмислености околу правниот статус во процесот на пристапување кон ЕУ на вториот билатерален Протокол кон Договорот за добрососедство и пријателство“ меѓу Бугарија и Македонија. Вајц практично бара Европскиот совет да каже дали заклучоците од 2022 година каде што се споменува Протоколот, но не како задолжителен услов, тој може да биде нов услов за евроинтеграциите на Македонија.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.