Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Ужаси од судењето за Вања и Панче

12 март 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Еден месец претходно Палевски кажуваше за повеќе особи, една запамтив. Страшо, поранешниот директор на Гранит. После тоа, се случи за жена, 38-40-годишна возраст, ќерка на некој од фармацевтските куќи. Цело време, пред грабнувањето, десетина дена претходно, ја следел и така ни кажуваше, за да ѝ ги види навиките, кога излегува, каде работи. Наводно и ја сликал со телефон. Ни ја покажа сликата, имаше 40-годишна жена. Не знам дали ја фотошопирал сликата – сведочел Велибор Манев, еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежов.

  • За Вања: Откако вториот пат беше неуспешен обидот да ја грабнеме надвор од зградата, Палевски ни објасни како се отвора вратата на самата зграда и внатрешниот ентериер и распоредот на скалите. Дека има одзади подрумски скали и дека одвнатре може полесно да се земе жената. Кога стигнавме, Влатко остана во „цитроенот“, јас и Боре влеговме во влезот на зградата. Немаше светилки, темно беше. Светлина доаѓаше од самата влезна врата. Чекавме. Одвреме-навреме Палевски по моторолата ни кажуваше колку е часот, до времето до 7.20, кога треба да излезе жената. Во 7.20 јас бев под скалите, Боре чекаше со селотејп лента ставена на раката, и кога личноста се симна, Боре ја грабна со едната рака, а со другата ѝ ја залепи устата со селотејп. Ја повлековме под скалите, кон потемното. Таа излезе од лифтот, спуштајќи се по скалите да излезе од влезот. Според сликите што ни ги даваше да ги гледаме на телефон, особата беше идентична. Ја врзавме, ја ставивме во вреќа за спиење, која претходно ја зедовме од канцеларија. На Влатко му беше јавено да ја донесе колата пред влезот и да го отвори гепекот, за да може да ја ставиме во гепекот – рече Манев.

    На ова сведочење таткото на Вања, Александар почна силно да плаче по што беше изнесен од судницата и судот даде пауза.

  • За Панче: Палевски влетал и наеднаш испукал куршум во слепоочницата на Жежовски. „Палчо дојде до мене, јас го прашав „Зошто ова, не требаше вака“, тој ми рече „Вака е почисто, нема што да се секираш“. Јас му реков дека не сакам вака да продолжам, оти за вакво нешто не сум ни помислил, ни сонил. Тогаш за прв пат ме подбутна со раката и ми рече „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“ – сведочи Манев.

извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

2

Зденка цела да е

Македонштина
3

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
4

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
5

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

6

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

За македонцките стенд-ап ужаси

Разно
1

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

2

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
3

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

4

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
5

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Фотографски лаги и измами

На социјалните мрежи

Ожежи га Дарте

Кога Дејвид Линч прави реклама

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy