- Американците гласааат во вторник, не директно за претседател туку за електори.
- Тие, електорите, вкупно 538, се среќаваат во своите држави во декември и формално гласаат за претседател и потпретседател.
- Нивните гласови потоа се бројат во Конгресот на 6-ти јануари.
- Електорите го сочинуваат изборниот колеџ: помалите држави имаат помалку, поголемите повеќе електори; три електори бонус добива дистриктот Колумбија.
- Победникот носи сè во сите држави освен во Меин и Небраска кои своите гласови ги делат пропорционално.
- За победа се потребни 270 од 538 електорски гласови; ако е изедначено, процесот оди во Претставничкиот дом.
- А тоа кој верувате дека ќе победи зависи од тоа кои медиуми сте ги следеле.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.