- Универзитетот Колумбија се согласи да ѝ плати на федералната влада 200 милиони долари во текот на три години, за да му биде вратен пристапот до дел од грантовите од 400 милиони што администрацијата на Трамп ги замрзна во март.
- Колумбија беше првиот универзитет што беше обвинет од Трамп дека не го спречил антисемитизмот, во врска со ланските протести против израелската воена интервенција во Газа.
- Претседателката на универзитетот, Клер Шипман, соопшти дека договорот постигнат со властите не значи и признавање одговорност за обвиненијата, туку е „важен исчекор по периодот на неизвесност кој ги загрозил истражувачките дејности“.
- Владата на Трамп укина или замрзна повеќе од 4.000 грантови во вкупна вредност од 8 милијарди долари за повеќе од 600 универзитети и колеџи низ САД. Харвард, најбогатиот универзитет во САД, реши да ја тужи администрацијата поради кратењето милијарди долари и забраната да запишува студенти од странство. Судскиот процес почна во понеделникот.
- Трамп ги повика универзитетите да го следат примерот на Колумбија: „Ќе дојдат многу други високообразовни институции што повредија многумина, беа неправедни и лошо трошеа федерални пари“.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.