- Само неколку часа откако во ЕУ стапи во сила новиот закон за забрана за увоз на руски гас, Унгарија поднесе тужба и побара од највисокиот суд на Европската Унија да го поништи законот.
- Земјите-членки кон крајот на 2025 година ја усвоија забраната и покрај противењето на Унгарија и на Словачка.
- „Прво, увозот на енергија може да се забрани само преку санкции, за кои е потребна едногласност. Оваа регулатива беше усвоена под маската на мерка на трговската политика. Второ, договорите на ЕУ јасно наведуваат дека секоја земја-членка одлучува за својот избор на извори на енергија и добавувачи. Трето, принципот на енергетска солидарност бара безбедност на снабдувањето со енергија за сите членки. Во случајот на Унгарија оваа одлука јасно го крши тој принцип, изјави шефот на дипломатијата Петер Сијарто.
- Словачка исто така најави дека ќе го оспори законот на суд. „Не можеме да прифатиме решенија што не ги одразуваат реалните капацитети и специфичните околности на секоја членка“, изјави министерот за надворешни работи Јурај Бланар.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.