Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Украина е спремна да прифати демилитаризирана зона во Донбас

12 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Киев попушта за една од клучните точки од мировните преговори со САД и Русија - воспоставување демилитаризирана зона во Донбас, слична на онаа помеѓу Северна и Јужна Кореја, само подлабока и поширока. Украинските сили целосно би се повлекле од териториите на Луханск и Доњецк, но Киев бара гаранции дека руските сили нема да навлезат.
  • „Демилитизирана зона мора да постои од двете страни на линијата“, изјави украинскиот преговарач Михајло Подољак за Ле Монд. „Ќе биде потребно да се дефинира дали треба да се повлечат сите видови оружја, или само тешкото. За да се спречат прекршувања, мора да има странски мисии на теренот. Ова е природен формат за крај на конфликтот, со оглед на тоа што дел од територијата за жал ќе остане под де факто руска окупација и дека во секој случај ќе се воспостави линија на раздвојување“.
  • Подољак додаде дека за Киев би било идеално САД да учествуваат во силите за надзор и контрола на примената на договорите во зоната.
  • Претседателот Володимир Зеленски потврди дека САД предложиле демилитаризирана зона, но истакна дека какви било територијални отстапки мора да бидат потврдени на избори или на референдум, кои тешко може да се одржат додека се војува.
  • За ова прашање утре во Париз би можел да се одржи состанок на претставници од САД, Германија, Британија, Франција и Украина, а два дена подоцна лидерите на овие земји би требало да се сретнат со американскиот претседател Трамп.
извор

Батерија до три дена, отпорност на вода и голем AMOLED екран: што носи REDMI Note 17 Pro Max 5G?

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
извор

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
  • Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
  • Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
  • Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
  • Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

АНБ со мирис на УДБА

6

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Почина Биљана Плавшиќ

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

8

Канада ќе се потруди затворениците хигиенски да шмркаат дроги

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Понеделник. Јуриш!

Оффнет, корисничка поддршка

Правило за состаноци: две пици

Гаџетот на 1966-та

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy