- Полицијата утрово го уапсила Артан Груби на граничниот премин Блаце.
- Груби, поранешен прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, се гони за проневера во служба во Државна лотарија. Заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати. Како раководител на владината седница Груби го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека Лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.
- Ревизија покажа дека Груби и Бајрами оставила во Лотарија невалидна или неуредна документација во износ од близу 3 милиони евра.
- Со Одлука на Влада со која раководел Груби било отуѓено државно земјиште на фирмата на сопругата на Димитар Ковачевски за изградба на фотоволтаици по цена од 70 денари за м2.
- Груби од 9 декември 2024 е на Црна листа на САД поради вмешаност во „значителна корупција“ преку примање мито за поткопување на судските процеси.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.