Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Уапсен Ацо Ѓукановиќ, братот на Мило

28 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Црногорската полиција синоќа го приведе бизнисменот Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ, поради нелегално поседување оружје.
  • При претрес на неговиот имот во Никшиќ полицијата пронашла три пушки, муниција, полициска опрема и панцири.
  • Ацо Ѓукановиќ важи за еден од најбогатите луѓе во Црна Гора. Тој е најголемиот акционер во Прва банка, која е под сомневања за перење пари. Нејзиното пропаѓање во 2008 година беше спасено со интервенција од владата. 
  • По изборите во 2020 година - првите на кои партијата ДПС на Мило Ѓукановиќ загуби од опозицијата, Ацо се преселил во Луксембург, а потоа и во Италија. Според Вијести, се вратил во Црна Гора пред неколку дена.
     
извор

МАГА гневни на Трамп заради војната за која никој не гласаше

28 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Претседателот Доналд Трамп се соочува со жестока реакција од неговото движење MAGA откако започна напад врз Иран за кој признава дека ќе може да однесе и американски жртви.
  • Нападот се случи само неколку часа откако ЏејДи Венс проба да ги смири стравувањата на приврзаниците на Make Amerika Great Again од уште еден конфликт на кој не му се гледа јасен крај.
  • Конгресменката на МАГА, Ана Паулина Луна, напиша на X: „Молете се за нашата земја. Молете се за нашите војници и нивните семејствa. Молете се за невиниот народ на Иран.“

  • „НИКОЈ НЕ ЈА САКА ОВАА ВОЈНА,“ напиша големиот фан на Трамп, контроверзниот Ендрју Тејт.
  • „Колку одвратно. F--- you, Mr. President“, напиша Мило Јанопулос.
  • И Ник Фуентес од крајната десница го потсетува Трамп на главното ветување на неговото движење: „Не за војна со Иран. Израел нè вовлекува во војна. Америка на прво место“.
  • Трамп ја започна војната без одобрение на Конгресот па наместо војна, ја нарече „голема воена операција.“ Им порача на Иранците да го срушат режимот откако тие ќе завршат: „Ова веројатно ќе биде вашата единствена шанса со генерации“.

 

 

извор

Проектил погодил училиште во јужен Иран, загинале десетици деца

28 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Најмалку 40 девојчиња загинале откако проектил истрелан од САД и Израел погодил основно училиште во јужен Иран, соопштија локалните новински агенции.
  • Проектилот го погодил училиштето Шаџарех Тајебех во градот Минаб во јужната покраина Хормозган, кога во него имало 170 девојчиња. Жртвите се на возраст помеѓу 7 и 12 години, според агенциите Тасним и Фарс.

  • Повредени се 45 лица, а не се знае точно колку луѓе се блокирани под урнатините.
  • Локалната агенција Мехр јави дека уште двајца ученици загинале при напад врз училиште источно од главниот град Техеран.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Иран возвраќа: Експлозии во Бахреин, Катар, Кувајт и Абу Даби

2

Крем де ла крем во Скопје: Жељко Обрадовиќ, Славен Билиќ и Мијатовиќ ги промовираат Игрите за млади

Разно
3

САД ги повикаа своите службеници итно да го напуштат Израел

4

Три работи имале да напишат, три згрешиле

Македонштина
5

Сафари во Македонија

Разно
6

Банско со боксови се брани од еврејски песни

Балканштина
7

Јово сам ќе ви објасни зошто е сам

Балканштина
8

Богати и славни (Bike Edition)

Македонштина
1

Иран возвраќа: Експлозии во Бахреин, Катар, Кувајт и Абу Даби

2

САД ги повикаа своите службеници итно да го напуштат Израел

3

По Америка, и Европа го бара скалпот на Франческа Албанезе

Свет
4

Мекдоналдс дење отстранува слики од бургери поради Рамазан

Занимливости
5

Како ултрабогатите ќаруваат милијарди со уметнички дела?

Свет
6

Хусо ја одра Германија

Разно
7

Техеран: Агресорите ќе зажалат!

8

САД и Израел го нападнаа Иран

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Граѓански преписки

Македонштина

Богати и славни (Bike Edition)

Македонштина

Три работи имале да напишат, три згрешиле

Балканштина

Јово сам ќе ви објасни зошто е сам

Македонштина

Аматери се будат само со мамурлук

Македонштина

Секој со своите маки

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Џабе е добро друштво

Ај аирлија 29 Ноември и свињокољ!

Откривање на тајната на „Сол, макарон“

Кога ќе в странство појдете

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy