Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Тројца Македонци ја донесоа плочата на Тодор Паница

24 февруари 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Благодарејќи на Петар Кајевски, Дарко Стојанов и Марија Милчин кои живеат во Виена, надгробната плоча од гробот на Тодор Паница, учесник во македонското ослободително движење и еден од основачите на ВМРО (Обединета), е донесена во Музејот на Македонија.
  • „Наместо да заврши како подлога за асфалт или да биде во Националниот историски музеј во Софија, плочата ќе биде дел од колекцијата на Музејот на Македонија“, вели  Кајевски.
  • Паница беше убиен во Виена во 1925 за време на претставата „Пер Гинт“ во виенскиот „Бургтеатар“ од Менча Карничу, која подоцна му станала сопруга на Ванчо Михајлов.
  • „Кој ви кажа дека јас сум Бугарин? Така мислите и вие, како што мислат и илјадници? Ние од ВМРО не сме Бугари! Ние сме Македонци! Мора утре да ви ги објаснам овие работи, задолжително, штом и вие комунистите на Грција нè сметате за Бугари! Треба да знаете дека нè навредувате кога ни велите Бугари!...Ние сме Македонци, ова сакам да го сфатите!“, има кажано Паница според спомените на грчкиот комунист Елефтериос Ставридис.
извор

Почина Мишо Хрњак од Азра

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
  • Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна. 
  • Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка. 
  • Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
извор

Еверест веќе не е највисоката планина?

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
  • Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
  • Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
  • Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Еверест веќе не е највисоката планина?

3

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

4

Почина Мишо Хрњак од Азра

5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
7

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
8

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Еверест веќе не е највисоката планина?

3

Почина Мишо Хрњак од Азра

4

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
7

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
8

Почина Мишо Ковач

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Писма на засрамени читатели

Потрошувачката кошничка на Р.

Смееме ли да го слушаме Мајкл Џексон?

Сакате да го разберете светот?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy