Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Тридневна жалост во Црна Гора поради масакрот во Цетиње

2 јануари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во безумен крвав поход во Цетиње,  45 годишниот Ацо Мартиновиќ уби 12 и рани четворица. Подоцна, опколен од полицијата, кога сфатил дека е во безизлез, пукал во себе и починал на пат кон болница.
  • Излудениот Мартиновиќ пукал во сè што му дошло пред очи: роднини, пријатели, кумови.... Две од неговите жртви се деца на 10 и 13 годишна возраст.
  • На убиствата им претходела кафеанска расправија по што Мартиновиќ заминал и се вратил со оружје убивајќи го сопственикот на локалот и неговите деца, како и членови на сопственото семејство. Според официјалните лица, убиствата ги извршил на четири локации.
  • По џебовите имал уште 80 куршуми.
  • Отпосле го опишуваат како опасна и брутална личност. Во 2005 година, бил осуден на условна казна за насилничко однесување. Пред две години во неговиот дом било пронајдено оружје и експлозиви. Бил првостепено осуден на три месеци затвор, но не била донесена правосилна пресуда.
извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

2

Зденка цела да е

Македонштина
3

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
4

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
5

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

6

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

За македонцките стенд-ап ужаси

Разно
1

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

2

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
3

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

4

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
5

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Охридско паркирање

Чудни се патиштата дебармаалски

Зошто не работевме годинава

И после Пустец биле сељаците

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy