Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трговскиот договор со САД е „црн ден“ за Европа

28 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Францускиот премиер Франсоа Бајру го оцени како „црн ден за Европа“ трговскиот договор што го постигнаа шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лејен и американскиот претседател Доналд Трамп. Според договорот, САД воведуваат царина од 15% за речиси сиот европски извоз. Избегнати се царини од 30% или 50% со кои се закани Трамп, но далеку е и од предлогот за бесцаринска трговија што го туркаше ЕУ.
  • „Ова е црн ден кога сојузот на слободни луѓе, собрани за да ги афирмираат своите вредности и за да ги бранат своите интереси, потклекнуваат и прифаќаат покорност“, објави Бајру на Икс.

Accord Van der Leyen-Trump : c'est un jour sombre que celui où une alliance de peuples libres, rassemblés pour affirmer leurs valeurs et défendre leurs intérêts, se résout à la soumission.

— François Bayrou (@bayrou) July 28, 2025
  • Канцеларот Фридрих Мерц го поздрави договорот поради избегнувањето трговска војна, но германските индустријалци и економисти тврдат дека тој е поволен за САД, а штетен за Европа. Автомобилската индустрија очекува да загуби милијарди долари во клучен период на трансформација.
  • „Дали договорот е добар за ЕУ? Веројатно не. Исходот е дебело асиметричен и ги задржува американските царини за увоз на производи од ЕУ на повисоко ниво од европските царини за увоз од САД“, забележа италијанската банка UniCredit.
  • ЕУ првично се закани дека ќе возврати со царини што ќе опфатат американски увоз од 73 милијарди евра, но ја повлече заканата пред самитот на НАТО во јуни, плашејќи се фека ќе остане целосно без поддршката од САД.
извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
2

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
3

Почина цајканот од сељаците

Музика
4

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
5

Музеј на современи вазали

Македонштина
6

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
7

Наполи има нов тренер

8

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
1

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
2

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

3

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
4

Важна информација за битолчани

5

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
6

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

7

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
8

Иран и Оман доставиле план за наплата на патарини

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Зен на денот: два вида жени

Ендемско добредојде

Исламистичката секс секта која го поддржува Ердоган

Еколицемерие: Екологија за вас, дизел за нас

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy