Трамп воведува царини од 25% за земјите што тргуваат со Иран
13 јануари 2026
- Во обид да го засили притисокот врз режимот во Техеран загрозен од масовни протести, американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% за увоз на стоки од земји што соработуваат со Иран.
- Кина се очекува да биде најтешко погодена од царината. Пекинг лани купи 77% од суровата нафта што ја извезува Иран - околу 1,6 милиони барели на ден. Другите главни трговски партнери на Иран се Индија, Европската Унија, Турција и Обединетите Арапски Емирати. Според податоци од Светската банка, Иран во 2022 година извезувал стоки во 147 земји.
- Трамп во неделата изјави дека властите во Техеран побарале разговори со САД. Тој додаде дека Вашингтон е во контакт со ирански опозициски лидери и дека ги разгледува сите опции за зголемување на притисокот врз иранскиот режим, вклучувајќи кибернетски и воени напади.
- „Воздушните удари се една од многуте алтернативи, но дипломатијата секогаш е првата опција за претседателот“, изјави претставничката на Белата куќа, Каролин Ливит.