- Доналд Трамп прогласи крај на војната во Газа и најави дека сите напори сега ќе бидат насочени кон обезбедување траен мир.
- „Се војува со векови. Мислам дека луѓето се уморни. Примирјето ќе издржи. Војната е готова. Готова е, разбирате?“, порача Трамп.
- Тој денеска ќе пристигне во Египет за да претседава на Самитот на кој официјално ќе биде потпишан нов Мировен план за Блискиот Исток. На самитот ќе учествуваат регионалните лидери, како и европските - Емануел Макрон, Фридрих Мерц, Џорџа Мелони, Педро Санчез и Реџеп Тајип Ердоган.
- Трамп утрово пристигна во Израел, а изрази и желба „барем да стапне“ на територијата на Газа. Тој истакна дека веднаш ќе почнат напорите за обнова на палестинскиот регион, почнувајќи со расчистување на урнатините.
- Следејќи некои „дебати“ на социјалните медиуми неодамна, се’ повеќе сум уверен дека се враќаме наназад и стануваме поглупави и понефункционални како општество.
- Можеби повеќе не сме Homo sapiens – „мудриот човек“. Ниту пак сме Homo economicus, наводно рационалниот актер во класичната економија. Сè повеќе стануваме Homo idioticus – суштество дефинирано, не од мудрост или логика, туку од емоционални импулси, дезинформации и интелектуална инерција.
- Изгледа на социјалните медиуми им се потребни „идиоти“. Затоа станаа нивен расадник. Не гледам проблем во тоа да им дозволиме на „идиотите“ да кажуваат идиотски работи. Друго и не може да очекувате од „идиотот“. Проблемот е што платформите преживуваат со пронаоѓање на највирулентните идиотизми и нивно глобално ширење. Едноставно кажано, благодарение на социјалните медиуми, „идиотите“ сега имаат платформа да ја објават својата глупост пред целиот свет.
- СДСМ остро го осуди настапот на српскиот претседател Александар Вучиќ (види овде - н.з), оценувајќи дека неговите изјави претставуваат навредливо и недолично однесување кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
- Партијата вели дека Вучиќ е познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат.
- Вучиќ малициозно нагласил дека ‘оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија’“, па СДМС оценува дека нагласувањето на нејзиниот пол во политички контекст е понижувачко и ирелевантно за аргументите што ги изнесува.
- Ваквиот речник не бил само личен напад, туку дел од поширок проблем на деградирање на жените во политиката.