Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп во Давос: Да не бевме ние, ќе зборувавте германски

21 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во својот говор на Светскиот економски форум, Доналд Трамп остро ја критикуваше Европа, ги фалеше економските перформанси на САД и ја оживеа идејата за набавка на Гренланд.

  • „Нема да употребам сила, но го сакам Гренланд итно. Преговорите мора да започнат веднаш, сакам таму да  изградам Златна купола!“, порача американскиот претседател. 

  • На кандскиот премиер кој со својот говор зачуди многумина (види: Земајте пуканки, Давос почна) му порача: „Канада постои благодарејќи на нас. Знај го тоа следниот пат кога ќе даваш изјави“.

  • „Во историјата сме купиле бројни земји... Нема ништо лошо во тоа“.

  • Деновиве Трамп неколкупати го мешаше Гренланд со Исланд, забележа Телеграф.

  • „Ја сакам Европа и сакам да оди во добар правец, ама, не оди. Не можам да ја препознам Европа, во негативна смисла“.

  • Трамп ја потсети Данска дека во Втората светска војна падна брзо и дека САД ја спасиле и неа и Гренланд. „Без нас денес ќе зборувавте германски и по малку јапонски“ рече Трамп и се пожали дека Данска е неблагодарна за она што САД го имаат сторено за неа. 

 

извор

Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка во Македонија

10 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
  • Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
  • Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
  • Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.
извор

Најмалку 12 загинати во верижни судари на автопат во Бугарија

10 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Најмалку 12 луѓе загинаа и десетици се повредени во верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“ во Бугарија.
  • Во услови на исклучително густа магла во 7 часот наутро, близу клучката „Зимница“ имало два верижни судари – едниот во правец кон Бургас, а другиот во спротивната насока кон Софија.
  • Се судриле повеќе од 86 автомобили, камиони и автобуси. Некои се запалиле.
  • Десет лица загинале на место, а уште две починале при транспорт до болница.
  • Најмалку 48 повредени луѓе биле префрлени во болниците во Јамбол и Сливен, некои во тешка состојба, изјави министерката за здравство Катја Ивкова.
  • Во операцијата за извлекување патници од возилата и укажување итна помош се ангажирани и припадници на воените сили, со хеликоптери и транспортни авиони.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Поздрав до Македонија од Атина

Навивачи
2

Како од министерка да се вратиш на „Гоца, нокти, евтино“?

Балканштина
3

Иран ја пребродува бурата, но Саудиска Арабија тоне

Свет
4

Запознајте ја компанијата од која боли глава

Балканштина
5

Некој секогаш ќе го најде вистинскиот одговор

Балканштина
6

Чекајќи го Потегот

Разно
7

Вака идните генерации ќе учат историја

Забава
8

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Балканштина
1

Иран ја пребродува бурата, но Саудиска Арабија тоне

Свет
2

Oбединувањето ќе ја чини Ирска десетици милијарди евра годишно

Свет
3

Почина убиецот од Краков

4

Трамп: Војната со Иран е „практично завршена“

5

Ја тужи кладилницата во која ги изгорел парите

6

Се изгуби ли поентата на Парискиот климатски договор?

Свет
7

Владата на Туск ќе замрзнува имоти без судска одлука?

Свет
8

Професор со лажна диплома предавал за „лажни вести“

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Побарано - добиено

Балканштина

Запознајте ја компанијата од која боли глава

Балканштина

Некој секогаш ќе го најде вистинскиот одговор

Разно

Чекајќи го Потегот

Македонштина

Нашите Џејми Оливер и Гордон Ремзи

Разно

Песни од Македонија - Домаќине (Ντομάκινε)

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Филмови што треба да се гледаат во обратен редослед

Корпоративен меморандум

Во одбрана на граматичките грешки

Новогодишно пакетче од Пелистерка (2014)

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy