Трамп сепак испраќа 5.000 војници во Полска
22 мај 2026
- Доналд Трамп најави дека ќе испрати уште 5.000 американски војници во Полска, неполна недела откако САД ненадејно го откажаа распоредувањето на 4.000 трупи во оваа земја.
- Трамп објасни дека ја донел новата одлука поради добрите односи со новиот полски претседател. „Врз основа на успешниот избор на сегашниот претседател на Полска, Карол Навроцки, кого со гордост го поддржав, и нашиот однос со него, со задоволство објавувам дека САД ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска“, порача Трамп на Truth Social.
- Европа е во конфузија. Администрацијата на Трамп пред две недели објави дека ќе повлече околу 5.000 војници од контингентите кај партнерите од НАТО во Европа, кои ги обвини дека не го преземаат доволно голем товар за сопствената одбрана и не направиле повеќе за да ја поддржат војната на САД против Иран.
- Пред една недела Пентагон го откажа најавеното испраќање на 4.000 војници од армиската Втора оклопна бригада во Полска. Откажано беше и распоредувањето на персонал обучен за управување ракетни системи со долг дострел во Германија.
- „Ова не се добро осмислени одлуки. Ова се импулсивни одлуки засновани на каприците на Трамп. (Државниот секретар) Рубио ќе има тешкотии да им ги објасни дивите промени на Трамп на Европејците кои бараат конзистентност, дури и ако не се согласуваат, оцени Иан Кели, амбасадор на САД во Грузија во времето на првата администрација на Трамп.