Ќе ѝ помогнеме на нашата држава да заздрави, ќе ги поправиме нашите граници, ова е историска победа, ова ќе биде златното доба за Америка, изјави Доналд Трамп во победничкиот говор откако стана извесно дека тој е следниот, 47-ми претседател на САД.
Јас ќе ги сопрам војните. Републиканците се партија на здравиот разум. Во последниот мандат немавме војни. Освен што ги победивме ИСИС, четири години немаше војна, порача Трамп.
Toa e тоа. Следуваат честитки од државници и слично.
CNN беа стресени. Најмногу и најочигледно беше тоа кај Џејк Тапер откако му соопштија каков пресврт Трамп има направено во Џорџија.
„Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.