Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп се натрти себе на чело на Центарот Кенеди

9 февруари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Најдоброто допрва доаѓа!“, напиша Трамп објавувајќи се дека се поставил за претседател на Центарот Кенеди за перформативни уметности.
  • Со негова одлука биле сменети неколку членови на надзорниот одбор на Центарот, тој ќе биде прв човек а со смените  најавува доаѓање на златна ера на американската уметност и култура.
  • Трамп го фати на заб Центарот уште лани, кога тогашниот менаџмент на институцијата дозволи да биде изведено шоу на дрег бенд од Нешвил кој изведува преработки на Грејтфул Дед. А добри се, шо има везе перики и сукњи шо носат.

 

извор

Њујорк Тајмс за желките од Голем град

17 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Необичното однесување и отворените прашања поврзани со потеклото и иднината на желките од островот Голем Град во Преспанското Езеро, се во фокусот на неодамнешен напис на американскиот весник Њујорк Тајмс. Текстот бил поттикнат од новиот научен труд на нашиот херпетолог д-р Драган Арсовски, објавен минатиот месец во реномираното списание “Ecology Letters”.
  • На островот живеее исклучително густа и навидум просперитетна популација желки. Меѓутоа, зад оваа бројност се крие сериозен проблем: половата структура е драматично нарушена. На секоја возрасна женка има по 19 мажјаци, што претставува екстремна диспропорција со далекусежни последици.
  • Ваквиот дисбаланс резултира со изразена сексуална агресивност кај мажјаците, кои неретко се обидуваат да се „парат“ и меѓусебно. Женките се изложени на постојан прогон, стрес и физички повреди. Во обид да избегаат од агресијата, дел од женките завршуваат преку стрмните островски карпи - во провалија и сигурна смрт.

* Линк до трудот на д-р Драган Арсовски

* Види и: Што ги натера македонските желки да станат геј?

извор

Полска ќе бара воени репарации и од Русија

17 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Полска најави дека официјално ќе поднесе барање за воени репарации од Русија, за злосторства извршени од Црвената армија во Втората светска војна и во периодот на советските интервенции во Студената војна. Премиерот Доналд Туск наредил формирање тим историчари за да ги проценат штетите. 
  • Варшава веќе побара од Германија да ѝ плати 1.300 милијарди поради злосторствата извршени од нацистичките сили за време на Втората светска војна. Канцеларот Фридрих Мерц одговори дека од перспектива на Берлин, прашањето за репарации одамна е правно и политички затворено.
  • Бартош Гондек, директор на институтот задолжен од Туск, изјави дека истрагата за Русија е пообемна, со оглед на тоа што Полска поминала четири децении под советско влијание.
  • Коментирајќи ја заканата од Полска, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави: „Како репарација, можеме да обезбедиме линк до видеото од операта Иван Сусанин“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зошто атрактивната Холанѓанка после секоја трка се соблекува пред камера?

2

Спасете Фиќо од домашни проблеми

Македонштина
3

Американски и холандски пилоти го бранат Киев од руски ракети

Свет
4

Драги Холанѓани, затнете нос и голтнете

Онака
5

Може замена за буквар?

Македонштина
6

Зошто го сакаме Балканот

Балканштина
7

Тупаницата на ВИ змејот

Забава
8

Рубио ја испрати Европа по ѓаволите. Европа бара да ѝ го покаже патот

Мислења
1

Американски и холандски пилоти го бранат Киев од руски ракети

Свет
2

Њујорк Тајмс за желките од Голем град

3

Рубио ја испрати Европа по ѓаволите. Европа бара да ѝ го покаже патот

Мислења
4

Холандија ќе ја полни касата со данок на нереализирана добивка

Свет
5

Старееме најбрзо во Европа

6

Калифорнија купува американски бензин преку Бахамите

Свет
7

Министер на Зеленски си ги школувал децата со парите за греење на Украинците

8

Британска измама со „слободата на печатот“ на Балканот

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Зошто го сакаме Балканот

Македонштина

Спасете Фиќо од домашни проблеми

Македонштина

Може замена за буквар?

Македонштина

Скопје на чекор од средновековни болести

Македонштина

Еве зошто се дебили оние од пакетчињата „Богати и славни“

Македонштина

Орајте ноќеска само за неа

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Гаси цигарата, стоко со жолти заби!

Не требаше ни да се почнува со тоа витамините

Норвешка, земјо моја

Шимборска за работите за кои не може да се зборува со хумор

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy